„Биди ти- промени го светот“

ЕЦА Битола, во периодот од септември-декември, 2024 го реализираше проектот „Биди ти- промени го светот“, поддржан од Општина Битола.
Општа цел на овој проект е справување со родови стереотипи и дискриминација со цел креирање инклузивна училишна средина и справување со родово-базираното насилство. А краткорочни цели: -Запознавање со детски права; разликување на потреби од желби; -Запознавање со стереотипи, предрасуди, дискриминација; -Подигање на свесноста на родово-базирано насилство врз девојчињата; -Дисеминација на флаери и презентирање на резултатите од проектот меѓу граѓаните во Битола.
Целна група беа еца на возраст од 10-11 години, од основните училишта во Битола. Индиректни корисници нивните врсници, членови на семејства и пошироката јавност во Битола.
Беа реализирани 3 работилници. Темите кои беа опфатени се следниве: детски права, стереотипи, предрасуди и дискриминација и родово-базирано насилство кај девојчињата.

Беа изготвени и дисеминирани флаери со силни пораки.